Ах го познавам тој мирис. Мирисот со кој среќно заспивав и кој силно ме измчуваше кога бев далеку од него. Мирисот кој остануваше на мојата коса кога ќе се стуткав легната на неговите гради. Мирисот кој го чувствував на мојата кожа од неговиот џемпер кој го носев таа вечер. Е тој мирис толку многу ме измачува. Моите сетила не го чувствуваат веќе, но тој е тука во мојот мозок и го измачува моето и онака напатено срце. Можно ли е толку убави спомени да создаваат толку ужасна болка? Не знам дали го сакав. Можеби бев малку замајана, затрескана во оние приказни кои знаеше само тој да ми ги раскаже. Колку и да знаев дека тоа што го говори не е вистина, сепак сакав да му верувам. Сакав нему да му верувам зошто само тој го имаше оној сјај во очите во која јас се пронаоѓав. Во тие очи го гледав светот кој јас го посакувам. Како да имаме исти соништа, исти мислења, исти сфаќања за животот. Ама сепак бевем толку различни, тој црно, јас бело. Но зарем спротивностите не се привлекуваа? Го нема тој мирис повеќе. Залудно е да го барам мојот свет во него бидејќи тој никогаш и не го гледал неговиот во мене. Затоа го оставам да оди, да љуби друга. Можеби таму ќе се пронајде себеси. А јас го оставив мојот свет да замине заградувајќи се во маргините на пријателството. Сега сум неговата пријателска љубов чија прегратка секој ден ме уништува. Љубов со пријателство не се избива.
-Девојката од кристали, 2015